Поминаа 10 години од историскиот успех: Леле, леле, што направивме 🎥

Пред 10 години македонската кошаркарска репрезентација испиша историја, откако ја победи Литванија во Каунас во драматична завршница.

Владо Илиевски постигна тројка за победа на Македонија, која беше најголемото изненадување на Европското првенство.

ФИБА реши да ги потсети македонските херои на успехот, кој засекогаш ќе се памети во нашата историја.