Понуден уште еден напаѓач на Манчестер Јунајтед пред крајот на преодниот рок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е во потрага по нов напаѓач кој би останал во клубот првично само шест месеци.

„Ѓаволите“ имаат проблеми со повредени играчи, па токму затоа им фали еден напаѓач кој ќе ја покрие празнината која настана со отсуството на Маркус Рашфорд.

„Скај Спортс“ пренесува дека на Манчестер Јунајтед му е понуден Вилијан Хозе од редовите на Реал Сосиедад.

28 годишниот Бразилец наводно е понуден да пристигне на „Олд Трафорд“ како позајмен фудбалер со право на откуп на неговиот договор.

Инаку за фудбалерот постои сериозен интерес и од Тотенхем, па останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата.