Поради коронавирусот масовен егзодус на играчите на Интер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Интер вчера ставија крај на 15-дневната карантин по што започнаа да ја напуштаат Италија на масовен начин.

Откако не покажаа никакви симптоми на коронавирус и нивните тестови беа негативни, голем број на странски фудбалери добија клупска дозвола да ги напуштат Апенините.

Ромелу Лукаку во последниве денови изјави дека му недостасува неговата мајка и ќерка, поради што вчера замина за Белгија, додека Виктор Мојсес, Ешли Јанг и Кристијан Ериксен тргнаа во Англија.

Диего Годин отпатува во родниот Уругвај, а Марсело Брозовиќ и Самир Ханадовиќ вчера пристигнаа со своите семејства во Хрватска и Словенија.

После натпреварот Јувентус – Интер, одигран на 8 март, фудбалерите на Нероаѕурите беа во самоизолација две недели затоа што претходно беа во контакт со Даниеле Ругани, кој беше позитивен на Ковид-19.

По враќањето од Италија, наведените играчи на Интер повторно ги чека 14-дневен престој во карантин.