Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Фудбалерот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг минатиот месец мина низ вистински пекол поради маларија со која се зарази на репрезентативниот собир во Габон.
Обамејанг по враќањето во Лондон се чувствувал лошо, поради што ги контактирал докторите и им објаснил дека не е во најдобра здравствена состојба.
Докторите го испратиле во болница на дополнителни прегледи, по што било откриено дека Обамејанг има маларија поради што тој мораше да пропушти четири меча на Арсенал минатиот месец.
„Се чувствував многу лошо. Мислам дека тоа беше најлошиот момент во мојот живот затоа што три дена по ред не бев добар. Лековите не ми помагаа, по што докторите ме испратија во болница, каде што останав три дена и мислам дека ослабев четири килограми. Тоа беше лош момент и мислам дека семејството се исплаши кога ме виде таков“, вели Обамејанг.