Поради што Перез го блокираше заминувањето на Бејл во Кина?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Герет Бејл сеуште не пронајде нов клуб, иако беше на чекор од продолжување на кариерата во кинескиот Јиангсу Сунинг.

Велшанецот договори се со кинескиот клуб и требаше да стане најплатен фудбалер во светот, но судејќу според се тоа нема да се случи. Иако беше спремен да патува за Кина, на крајот се беше стопирано и тоа од страна на Реал Мадрид.

Шпанските медиуми објавија дека главен виновник за стопирањето на овој трансфер е Флорентино Перез. Иако кралскиот клуб сака да се ослободи ов Бејл, свесни се дека не можат да го пуштат за „ситно“.

Угледната Марка објави дека Перез се предомислил во последен момент бидејќи не можел да прифати да го продаде Бејл за дупло помала сума од цената што е поставена за него и порача дека од трансферот нема да биде ништо.

Исто така, Бејл веројатно ќе остане во Европа и како што стојат работите ќе се врати во Англија.

За оваа опција е и неговата фамилија, бидејќи наводно неговата сопруга не сакала да оди во Кина.

Останува да видиме што ќе се случува до крајот на летото..