Порака за охрабрување од Бекер до Киргиос


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот број 1 Борис Бекер испрати порака за охрабрување до Ник Киргиос, откако Австралиецот победи на АТП турнирот во Вашингтон.

Киргиос во финалето го победи Данило Медведес со 7: 6 (6) и 7: 6 (4) и стигна до својата шеста АТП титула. Пред Русинот, беа поразени и: Таи-Сон Квиатковски, Жилс Симон, Јошихито Нишиока, Норберт Гомбос и Стефанос Циципас.

Контроверзниот тенисер со овој триумф напредуваше со 15 позиции на АТП-листата и сега е 27-ми тенисер во светот, при што Бекер го охрабри да продолжи.

„Честитки за освојувањето на Вашингтон. Сите сакаме да те видиме како играш фокусиран, забавен, одлучен и возбудлив тенис. Само продолжи. УС Опен ќе започне за три недели“, порача Бекер преку Твитер.

Киргиос се очекува да настапи на Мастерсот во Монтреал оваа недела, играјќи со Кајл Едмунд во првото коло.