Поранешен фудбалер тврди: Јас сум му татко на Маркус Рашфорд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овие денови во британските медиуми се појавиприказна за поранешен фудбалер, кој тврди дека е татко на напаѓачот на Манчестер јунајтед и Англија, Маркус Рашфорд.

Микел Боје Маркеј, кој е роден во Гана, а од неодамна живе во Велика Британија тврди дека Рашфорд му е син.

„Маркус Рашфорд е мој син и тој го знае тоа, иако не сме се виделе неколку години. Во почетокот беше лут затоа што мислеше дека го напуштив, но тоа не беше така. Многумина ми доаѓаат и сакаат да добијат приказна од мене, но јас не сум тип кој бара лесен начин да заработи пари и да стане познат. Само сакам да се разјасни ситуацијата“, кажа 65-годишниот човек.