Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Небесно-сините спремија 7 милиони евра оштета.
Шпанскиот офанзивен играч за врска Луис Алберто ќе го напушти Ливерпул и кариерата ќе ја продолжи во римски Лацио.
Како што пренесува италијанскиот „трансфер-гуру“ Џанлука ди Марзио, небесно-сините за Алберто ќе платат оштета од 5 милиони евра, а со разни бонуси, сумата може да стигне и до 7 милиони евра.
Алберто ги помина младинските школи во Севиља, играше една сезона и за Б тимот на Барселона, пред што во 2013 година го купи Ливерпул.
Овој 23-годишен фудбалер не се прослави на Енфилд, одигра само 12 натпревари, а тогаш отиде на позајмици во Малага и Депортиво од Ла Коруња каде што беше во минатата сезона.
Пред Алберто, Лацио во летниот преоден рок ги доведе Чиро Имобиле, Валас, Бастос, Џордан Лукаку и Морис Лејтнер.