Поранешни директори на Барселона го навредуваа Меси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека поранешни директори на Барселона разменувале пораки преку кои го навредувале Лионел Меси, и тоа додека Аргентинецот го носел дресот на каталонскиот гигант.

„Периодико“ објави дека станува збор за директори од времето на Жозеп Бартомеу, кој си замина од клубот и го остави со долг од 1,3 милијарди евра.

„Бартомеу не треба да бидеш толку добар со овој стаорец од канализација (Меси). Клубот му даде сè, а тој врши диктатура. Тој кажува за засилувања, трансфери, договори. Јас не би му дозволил такво нешто“, пишува Понти.

Понти, исто така, напишал дека Меси барал нови договори за Суарез и Алба, но и процент за продолжување на соработката на Ансу Фати.