Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Интер, Мекдоналд Марига ја заврши својата фудбалска кариера пред една година и се одлучи за потполно поразлична професија.
Овој 32 годишен фудбалер од Кенија се развиваше во дресот на шведскиот фудбалски клуб Енкопингс, а потоа продолжи во Парма, Интер, Реал Сосиедад, Латина и Реал Овиедо каде што ја заврши својата кариера во летото 2018. година.
Многумина очекуваа дека Марига после фудбалската кариера ќе продолжи во тренерските води, но тоа не се случи. Gazzetta dello Sport објави дека Мерига се вратил во Кенија и сака да биде политичар.
Тој е еден од фаворитите за во парламентот на оваа држава бидејќи доби голема поддршка од претседателот на Кенија, Ухуру Кенјата. Марига ќе биде четвртиот играч од Кенија кој се одлучи да „заплови“ во политичките води после завршувањето на кариерата. Пред него тоа го направија Чарлс Мукора, Жоаб Омино и Крис Обуре.
Марига во 2010. година стана првиот Кениец кој играше во Лигата на Шампионите, а тогаш беше член на Интер. Инаку, неговиот брат Виктор Вејнама игра во Тотенхем.