Поранешниот претседател на Интер сонува за ангажирање на Меси

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати и понатаму тврди дека Лионел Меси би можел да потпише за италијанскиот тим.

Во минатото Меси неколку пати се поврзуваше со Интер,но на крајот реши да остане верен на Барселона.

„Ја знам храброста на Стивен Жанг, сигурно ќе размисли за тоа. Договорот на Меси му завршува во 2021 година. Би било одлично ако дојде, Серија А ќе оживее, а Интер ќе има повеќе надеж“, вели Морати.