Поразите од Македонија и Словенија тешко им паднале, косовците се истепале меѓу себе!

Косовскиот новинар, Агим Касаполи откри дека репрезентативците на Косово биле вмешани во голем инцидент, односно се истепале меѓу себе.

Очигледно тешко им паднале поразите од Македонија со 1-2 и Словенија од 0-1, па косовците направиле хаос во соблекувалната.

Наводно, Валон Бериша и Едон Жергова имале жестока расправија, по што се степале, а безобразно се однесувал и Арбер Зенели.

Оваа тројка не се појави на мечот против Грција, а тоа е јасен знак дека нешто навистина се случило меѓу косовските репрезентативци.

Касаполи тврди дека косовците се разочарале по елиминацијата од Македонија, по што нервозата ја истуриле меѓу себе.