„Португалија има ѕвезди како Италија, но ние ќе дадеме сè од себе, веруваме во успех“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Милан Ристовски беше стартер на мечот против Италија, кој го доби Македонија со 1-0 во Палермо.

Ристовски кажа дека сè уште не се свесни за тоа што го постигнале, а најави дека ќе дадат максимум и против Португалија.

„Уште сме во шок. Не сме свесни што направивме вчера. Знаевме дека Италија има голем квалитет, но верувавме од прва до последна минута во успех, дадовме сè од себе и Бог нè награди. Португалија има големи ѕвезди како и Италија, а ние ќе дадеме максимум и веруваме во нашите квалитети“, вел Ристовски.