Последна средба со навивачите: Солзи на лицето на Левандовски (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По мечот меѓу Волфсбург и Баерн Минхен беше потврдено дека Роберт Левандовски сака да си замине од германскиот шампион.

Средбата против Волфсбург му го донесе 50. гол на Левандовски оваа сезона, а тој се очекува да биде последен во дресот на баварскиот гигант.

Откако заврши мечот Левандовски замина кај навивачите за да се поздрави кај нив, па им аплаудираше и гледаше во нив, а падна и по некоја солза.

„Нема да потпишам нов договор. Во моментов бараме решение за двете страни. Му кажав на клубот дека сакам да заминам ако дојде интересна понуда“, кажа Левандовски.

Левандовски од Баерн заминува со 21 освоен трофеј и голем број индивидуални награди.