Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан по долга пауза се врати во Лигата на шампиони (ЛШ) откако заврши на втората позиција на табелата.
Ова ќе биде прв настап за „росонерите“ во елитното натпреварување уште од сезоната 2013/14, а токму во таа сезона Масимилијано Алегри си замина во јануари, а го наследи Кларенс Сидорф.
За Милан настапуваа Абиати, Абате, Рами, Мексес, Емануелсон, Де Јонг, Монтоливо, Поли, Кака, Тарабт и Балотели, додека уште неколку играчи беа во ротација, а тоа се Робињо и Хонда.
Прв стрелец на екипата беше Марио Балотели со 18 голови во сите натпреварувања, а Милан заврши на осмото место во Серија А и целосно ги разочара навивачите, додека во ЛШ испадна во осминафинале.
Милан заврши како втор во групата зад Барселона, пред Ајакс и Селтик, а во осминафиналето беше поразен од Атлетико Мадрид.