Постои можност Јувентус да биде шампион без да истрча на теренот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако беше поразен од Удинезе во Удине, Јувентус малку ги искомплицира работите, но сепак е пред деветото последователно Скудето.

Јувентус е во ужасна форма, но и покрај сето тоа, има шест бода повеќе од Аталанта на три кола пред крајот. На Јувентус му недостасува уште една победа за Скудетото.

Но, не е исклучено Старата дама да го слави Скудетото без да истрча на теренот против Сампдорија во недела. За да се случи тоа и за прославата да започне пред време, другите резултати мора да се совпаднат.

За почеток Аталанта треба да загуби вечерва на „Сан Сиро“ од Милан, а потоа Интер да не победи утре во Џенова, а Лацио да не победи во Верона.

Сценариото не е невозможно, но во секој случај, Јувентус би можел да ја прослави титулата овој викенд затоа што е тешко да се очекува дека Роналдо и соиграчите ќе и дозволат на Сампдорија да им одземе поени во Торино и да влезе во незгодна ситуација на два кола пред крајот.