Потег за пример на другите: Фетел го собираше ѓубрето по трката на Силверстон 🎥

Германскиот возач Себастија Фетел не ја заврши трката на Силверстон и мораше да се откаже пред самиот крај, но тоа очигледно не му го расипа расположението.

Можеби на патеката не ги воодушеви фановите, но затоа по трката ги собра симпатиите на голем број љубители на Формула 1, а посебно на тие на кои овој спорт не им е на листата со приоритети.

Четирикратниот светски шампион заедно со уште неколку луѓе собираше ѓубре кое на трибините го оставија фановите во неделата.

Фетел сме го забележале и во слични активности, па зад себе чистеше и останати работи од патеката, а сега се префрли и на трибините и така направи потег за пример на останатите луѓе.