Потер кажа што мисли за мечот со Нотингем Форест


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси одиграа ужасен натпревар против Нотингем Форест (1-1) и можат да бидат среќни што не загубија на почетокот на 2023 година.

Тренерот на Челси, Греем Потер по натпреварот кажа дека неговата екипа воопшто не ја заслужила победата.

„Тешко освоивме бод кај силен ривал, каков што е Нотингем, кој беше инсписиран со прекрасната атмосфера на стадионот. Не бевме доволно добри да ги освоиме сите три бода. Испуштивме контрола врз натпреварот. Имавме една шанса на крајот, но немаше да биде фер да победиме“, кажа Потер.

Челси постигна гол преку Стерлинг во првото полувреме, но потоа Орие стрелаше за 1-1.