Потер ќе го избрка: Разочара во Челси, па среќата ќе си ја бара во Милан!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси пред неколку години го купи американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ, кој сепак ќе си замине од лондонскиот тим откако не ги оправда очекувањата.

Англиските медиуми пишуваат дека Американецот не беше стартер во тимот на Томас Тухел, а очигледно нема да добие шанса ниту кај Греем Потер.

Пулишиќ не е среќен во Лондон и сака да си замине, а таа ситуација би можел да ја искористи Милан, кој бара засилување на десната крилна позиција.

Американскиот фудбалер има договор со Челси до јуни 2024 година, но премиерлигашот е подготвен да го продаде за 35 милиони евра.

Милан ќе се обиде во јануари да го земе на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната 2022/23.