Потер мора нешто да менува: Манчестер сити го елиминира Челси од ФА-купот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити го елиминираше Челси од ФА-купот откако на „Итихад“ славеше со 2-0 и така ја продолжи кризата во составот на Грем Потер.

Нешто во екипата од Лондон не е како што треба и тоа можеше да се забележи вечерва против актуелниот англиски шампион, кој даде два гола во второто полувреме преку Марез и Алварез за победа од 2-0.

Треба да се признае дека и голманот на „граѓаните“, Ортега беше на врвно ниво и со неколку одлични интервенции успеа да ја зачува својата мрежа.

Ова е уште еден лош резултат за „сините“, кои освен победата против Динамо Загреб (2-1) и Салцбург (2-1), загубија од Брајтон, Арсенал, а имаат и две ремија со Манчестер јунајтед и Брентфорд.