Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Спорт“ пишува дека постојат проблеми во францускиот гигант ПСЖ и поради тоа Жоржињо Вајналдум на зима ќе ги напушти парижаните и ќе се врати во Англија.
Како следна дестинација за Вајналдум се споменува Арсенал, а според медиумот преговорите се во завршна фаза.
Холанѓанскиот репрезентативец добива многу критики во Париз поради лошите настапи и наводно клубот планира да го ангажира Марсело Брозовиќ од Интер како негова замена.
Вајналдум претходно играше одлично во Ливерпул, но сакаше нов предизвик во кариерата, па се реши за ПСЖ, иако имаше понуда и од Барселона.
Холанѓанецот се поврзуваше и претходно со враќање во Англија, но во тимот на Њукасл, сепак такво нешто нема да се случи и негов следен клуб во кариерата најверојатно ќе биде Арсенал.