Потроши 200.000 евра на Ферари, а се вози со такси: Досадно ми е…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ, Маркињос призна дека сака да се вози со такси повеќе, отколку со својот автомобил.

Овој искусен фудбалер веќе неколку години игра во ПСЖ, а неодамна потроши 200.000 евра на Ферари 458 Италија, но неговото возило е паркирано во гаражата.

Бразилецот призна дека повеќе сака да се вози во такси, отколку во своето Ферари.

„Не сакам да се возам затоа што ми е досадно. Ферарито го купив кога пристигнав во ПСЖ и вистина е дека го користам ретко. Голем дел од фудбалерите на тренинзите доаѓаат со нивните возила, но јас не го правам тоа“, вели Маркињос.