Потврдено – Каков Интер, се знае каде оди Берарди!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Сасуоло потврди дека Доменико Берарди се договорил со Јувентус.

Доменико Берарди ќе биде играч на Јувентус, но дури од наредната сезона.

Имаше приказни дека овој фудбалер ќе потпише за Интер, но претседателот на Сасуоло потврди дека е се готово што се однесува до неговиот трансфер во Јувентус.

„Слушав премногу шпекулации. Реалноста е друга, Интер никогаш не испратил понуда за Берарди.

Не разбирам зошто сите зборуваат подруго. Имаме договор со Јувентус, на крајот од следната сезона Берарди ќе се придружи на екипата од Торино“, рече Џорџо Свинци, претседателот на Сасуоло.

Значи, ова е потврда од најголемото официјално име од Сасуоло, сега нема повеќе дилеми.