Потврдено: Мекгрегор ја скршил ногата, дали е ова крај на неговата кариера?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конор Мекгрегор ја скрши ногата во поразот од Дастин Порие поради што кариерата би можела да му биде прекината.

Порие за пет минути го реши Мекгрегор, кој двапати беше на праг до нокаут, но се извлече. Сепак, по третиот пат не можеше да се спаси.

Ирецот се лизна и ја скрши ногата, но по борбата кажа дека ова не е крај и ќе најде место и време кога да се истепа со Порие.

Сепак, јасно е дека долго време ќе паузира поради повредата, а може дури и да ја заврши кариерата.

Пред мечот, Мекгрегор имаше голема самодоверба и даваше провокативни изјави, но тука заврши.

Имаше само добар почеток на мечот, неколку пати го погоди Порие, но сепак пресуди тактиката и подготвеноста на Дастин за мечот.