Потврдено – Милан баш “запна“ за Хрватот!


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Милан по секоја цена го сака фудбалерот на Динамо од Загреб.

Марко Пјаца може да биде ново засилување на Милан.

Фудбалерот на Динамо од Загреб игра голема улога во репрезентацијата на Хрватска на ова ЕП, беше многу импресивен во екипата на Чачиќ.

Нормално, следеше големо интересување на клубови, посебно на тие од Серија А.

„Морам да потврдам дека на Милан овој играч многу му се допаѓа, баш како и на големите европски клубови. Од Англија, до Германија и Италија, Пјаца има многу додворувачи“, рече неговиот агент, Марко Налетилиќ.

„Се ќе зависи од буџетот на Силвио Берлускони. Не знам која цена се спремни да ја платат, можно е таа се зголеми после ова ЕП.

Јас имам одличен однос со управата на Милан и тој клуб секогаш ќе биде нешто посебно за мене“, рече агентот на Марко Пјаца.