Потврдено: После Коларов, од Сити заминува уште еден дефанзивец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште еден дефанзивец, трет во низа ќе замине од Манчестер Сити.

Како што потврдија сите италијански медиуми, Пабло Забалети постигнал договор со Рома со која треба да потпише на три години ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона. Рома како оштета на “Граѓаните” ќе им плати три милиони евра плус одредени бонуси.

Во текот на кариерата Забалета играше за Сан Лоренцо и Еспаљол пред да пристигне во Манчестер во 2008 година. За англискиот клуб одигра 300 натпревари, постигна девет погодоци и освои шест трофеи, две титули во Премиер лигата, ФА Куп, два Лига купа и Комјунити Шилд.

Да потсетиме пред Забалета од Сити заминаа Александар Коларов и Мартин Демикелис.