Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денеска сите навивачи на Милан ги потресе вест која ја пренесоа речиси сите италијански медиуми во која се наведува дека кинескиот конзорциум се откажа од купување на италијанскиот гигант после два месеци преговори.
Сепак, навивачите на Росонерите може да воздивнат бидејќи првиот човек во преговорите Николас Гакикоф во интервју откри дека тоа се само медиумски лаги, и дека во тек се финални преговори меѓу Фининвест и Кинезите.
Постојат шанси да се заврши се многу брзо во август месец, но навивачите на Милан ги грижи новото одложување на овој договор, и уште една мрачна сезона во која нема да бидат ниту сенка на таа екипа која седум пати ја освои Лигата на шампионите.