Повеќе не е прашање „дали“, туку „кога“ Наполи ќе стане шампион!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наполи продолжи да победува во Серија А и чекори кон титулата. Екипата на Елиф Елмас синоќа ја запиша 19. победа во 22. меч и така се приближи кон Скудетото.

Екипата од Неапол двапати го освои Скудетото, и тоа во 1986/87 и 1989/90 кога на теренот беше легендарниот Диего Марадона.

Интересно е тоа што Наполи би можел да стане шампион против Фиорентина, како и во 1987 година.

„Моето чувство е дека навивачите повеќе не се прашуваат дали ќе го освојат Скудетото, туку кога ќе го освојат. Некои сметаат дека тоа може да се случи на натпреварот помеѓу Наполи и Фиорентина, исто како во 1987 година“, кажа новинарот Масимо Уџолини.