Познат е најголемиот фаворит за тренерското столче во Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси утринава го отпушти тренерот Томас Тухел по поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампиони (ЛШ), па сега почна потрагата по негова замена.

Англиските медиуми пишуваат дека газдата на тимот, Тод Боели сака да разговара со Брајтон за Греем Потер, кој е главен фаворит за тренерската позиција во Челси.

Потер го предводи Брајтон на одличен начин, па затоа е прв кандидат, а останати тренери во конкуренција за позицијата во Челси се Марсело Биелса, Зинедин Зидан и Маурицио Покетино.