Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После денешниот расплет во групата Ц, конечно го добивме и првиот пар од осмина финалето на ЕП. Сега и Германците имаат многу јасна слика околу својот понатамошен план кон финалето.
Како што објавивме денеска, репрезентацијата на Германија го освои првото место во групата Ц, пред Полска и Северна Ирска, додека Украините се елиминирани од понатамошниот дел од натпреварувањето, после денешниот пораз од Полска.
Со оглед дека Полјаците денеска завршија како втори во група Ц, тие во осминафиналето ќе излезат на мегдан со второпласираната екипа од група А, селекцијата на Швајцарија!
Значи, првиот паар е Швајцарија – Полска, а тој натпревар ќе биде одигран во сабота, 25 јуни во Сент Етјен од 15 часот.
Нормално, поголем дел од љубителите на фудбалот повеќе ги интересира против кого Германија ќе игра во осмина финалето.
Селекцијата на Јоаким Лев сега, како првопласирани во својата група, го чекаат расплетот на ситуацијата во врска со најдобрата третопласираната селекција, четири од шест групи.
Сепак, на основа на моменталната ситуација, тешко е да се очекува дека Албанија ќе биде меѓу тие четири селекции, па во тој случај преостануваат само тие опции во кои не се зема во предвид група а.
Доколку, на пример, најдобрите четири третопласирани селекции бидат тие од група Б, Ц, Д и Ф, Германија во осминафиналето би играла против третопласираната репрезентација од група Б, а тоа е селекцијата на Словачка.
Тоа сценарио засега делува најреално, но треба да се исклучи ни можноста да се сретне и со третиот од групата Ф (Португалија, Унгарија, Исланд, Австрија), под услов најдобрите трепласирани екипи од група Ц, Д, Е и Ф.
Но, тоа што веќе сега е јано, е дека Германците се наоѓаат во потешкиот ждреб, бидејќи веќе во четвртфиналето може да одат на Италијаните, а во полуфиналето, да речеме, подобриот од дуелот Франција и Англија.
Но, за тоа потоа, да видиме прво кој ќе мора да го совладаат до четвртфиналето. Словачка, или некој друг.