Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар се соочува со голема финансиска криза и еден тон проблеми, меѓу кои и егзодусот на ракометари, па денеска ќе имаат тешка задача да го совладаат Мотор Запорожје од 17.30 часот.
Европскиот шампион остана без Данис Криштопанс и Павел Атман, но и покрај тоа ќе излезе на теренот против Мотор со најсилниот можен состав.
Во екипата го нема Кристијан Дисингер, како и голманот Кугис, па со малку променет изглед на тимот, Вардар ќе се обиде да го совлада Мотор во мечот, кој се игра од 17.30 часот.
Кил е прв на табелата во групата Б со 20 бодови, Веспрем има 16, Монпелје 13, Виве Кјелце 12, Порто 10, Вардар 9, Мешков Брест 6 и Мотор има 4 бодови.