Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Сезоната во елитниот европски фудбал се приближува до крајот, а моментално се познати имињата на 23 клуба кои сигурно ќе учествуваат во главниот дел од Лигата на шампионите за новата сезона.
И во новата сезона на Лигата на шампионите ќе се игра групната фаза со 36 тима кои ќе бидат сите во една табела, како и во претходните.
Од тие 36 клуба, веќе се познати 23 учесници, додека останатите ќе бидат именувани кога ќе завршат сезоните во своите државни шампионати, како и преку квалификациите за време на летото.
Англија и Шпанија имаат по пет учесници во Лигата на шампионите наредната сезона, а Англичаните може да имаат и шест ако Aston Villa во последното коло се спушти на петтото место. Тоа ќе и донесе на Англија можност и шестопласираниот, веројатно Bournemouth, да се квалификува за Лигата на шампионите.
Овие се засега сигурните учесници во Лигата на шампионите: Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Астон Вила (Англија), Бајерн, Борусија Дортмунд, РБ Лајпциг и Штутгарт (Германија), Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Виљареал и Бетис (Шпанија), Интер и Наполи (Италија), ПСЖ, Ленс и Лил (Франција), Порто (Португалија), ПСВ Ајндховен и Феенорд (Холандија), Галатасарај (Турција) и Шахтар Доњецк (Украина).
















