Познати се деталите: Баерн Минхен ја доби битката за Мане!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Садио Мане неколку години по ред е еден од најдобрите фудбалери во светот, а сега Баерн Минхен ќе го купи за 32 милиони евра од Ливерпул.

Мане кажа дека сака да си замине од Ливерпул, а премиерлигашот нема да му прави проблем со оглед на тоа дека пристигна примамлива понуда.

Баерн Минхен ќе плати веднаш 32 милиони евра, додека уште осум треба да исплати низ различни бонуси, додека Мане ќе потпише тригодишен договор вреден меѓу 15 и 20 милиони евра.

Ливерпул го реши проблемот со заминување на Мане со тоа што претходно го купи Дарвин Нуњез за 100 милиони евра од Бенфика.