Познати се деталите: Бразилското чудо од дете потпиша за Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид потпиша договор со бразилското чудо од дете, Ендрик кој ќе остане во Палмеираш до јули 2024 година, а потоа ќе го облече дресот на шпанскиот гигант.

„Кралевите“ водеа голема битка со останатите европски гиганти за потписот на талентираниот фудбалер и конечно ја добија битката за Ендрик кој мора да остане во татковината додека не стане полнолетен.

Ендрик во следните денови ќе го посети „кралскиот клуб“ за да се запознае со тренинг-центарот и со средината каде што ќе настапи за две години.

Претседателот на Палмеираш за медиумите откри дека „кралевите“ ќе платат 35 милиони евра плус 25 милиони во бонуси, како и 12 милиони евра за даноци.

Ендрик ставил потпис на договор до 2027 година со можност истиот да биде продолжен до 2030 година.