Познати се сите учесници во Лигата на шампиони


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Секој клуб на жребот ќе добие по два противници од секоја група и ќе одигра по осум натпревари во лигашката фаза. Вкупно ќе се одиграат 144 натпревари
Во „барабанот“ ќе бидат 36 клубови, 29 кои директно се најдоа во лигашката фаза и седум кои се пласираа од квалификациите.

Екипите ќе бидат поделени на четири групи од по девет екипи според УЕФА клубскиот коефициент.

Бранителот на титулата ПСЖ добива автоматски место во првата група, која не е резервирана за шампиони на најсилните лиги како досега, ниту за тимот кој ја освои Лига Европа минатата сезона.

Состави на групи

1. група: ПСЖ, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Ливерпул, Интер, Манчестер Сити, Арсенал, Барселона, Атлетико Мадрид.

2. група: Борусија Дортмунд, Рома, Спортинг, Астон Вила, Порто, Манчестер јунајтед, Клуб Бриж, Реал Бетис, ПСВ Ајндховен.

3. група: Феенорд, Лил, Боде Глимт, Наполи, Лајпциг, Виљареал, Шахтјор, Галатасарај, Фенербахче.

4. група: Славија Прага, Штутгарт, ЛАСК, Комо, Ланс, Сабаһ, АЕК Атина, Викинг, Слован Братислава.

Секој клуб на жребот ќе добие по два противници од секоја група и ќе одигра по осум натпревари во лигашката фаза. Вкупно ќе се одиграат 144 натпревари.

Клубовите од иста земја не можат да се сретнат во лигашкиот дел, а еден тим може да игра против најмногу две екипи од иста држава.

Првото коло од Лигата на шампионите е на програмата од 8 до 10 септември, а последното на 27 јануари 2027 година. Финалето е закажано за 5 јуни во Мадрид.

Комплетниот распоред на лигашкиот дел од натпреварувањето ќе биде познат во сабота, 29 август.