Познато е кога Погба се враќа на теренот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После дербито против Арсенал, Пол Погба поради повреда нема одиграно ниту една минута во дресот на Јунајтед.

Сето тоа веќе трае околу месец дена и најверојатно наскоро ќе се врати на терените.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Солскер, во разговори со англиските новинари истакна нови информации околу повредата на Погба.

„Потребно му е повеќе време за да се опорави. Не сме сигурни колку, но најверојатно нема да се врати на теренот пред декември“, рече Солскер.

И покрај тоа што играат без Погба, Манчестер почна да победува, но со сигурност овој играч им недостасува во првиот состав.