Познато кога ќе се одлучува за судбината на Манчестер Сити во Лигата на шампионите

Жалбата на Манчестер Сити за двегодишната забрана за учество во Лигата на шампионите ќе биде разгледувана во арбитражниот суд во Лозана од 8. до 10. јуни.

Англискиот клуб е обвинет од страна на УЕФА дека ги прекришл правилата од финансискиот фер-плеј во преиодот од 2012 до 2016 година.

Токму затоа, од УЕФА им забранија на „граѓаните“ да играат во европските купови во сезоните 2020/21 и 2021/22, а плус Сити плати и казна од 30 милиони евра.

Манчестер Сити ќе се соочи со сериозни потешкотии доколку спортскиот арбитражен суд ја потврди одлуката на УЕФА, па неколку од играчите меѓу кои и Кевин Де Брујн веќе најавија заминување од клубот.