Познато колку ќе заработат Вајлдер и Фјури за нивниот реванш


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светската јавност го поставува прашањето колку пари ќе заработат Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури за својот реванш, а сега се појавија информации во кои се споменуваат милионски суми.

„Боксинг њуз 24“ објави дека Вајлдер и Фјури ќе добијат по пет милиони долари, кои ќе бидат како загарантирана заработка за мечот.

Истиот извор пишува дека секој од нив ќе добие и дополнителни 25 милиони долари,но и процент од продажбата на ТВ правата.

Засега не е познато колку пари ќе добијат од тоа, но се шпекулира за сума околу еден-два милиони долари.

Во секој случај тоа ќе биде голем спектакл за навивачите и сигурно многу луѓе ширум светот ќе ја следат борбата.