Познато колку пари ќе добива Меси од ПСЖ во следните две години


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси наскоро треба да го продолжи договорот со ПСЖ, а во француските медиуми се појавија деталите од преговорите.

Аргентинецот наводно ќе потпише договор на уште две години со францускиот шампион, а за тоа ќе добива по 40 милиони евра годишно.

Засега не е познато колку пари ќе добива од бонуси, меѓутоа сумата ќе биде многу помала од таа што ја заработува Кристијано Роналдо во Ал Наср.

Роналдо потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година, а притоа ќе заработува над 200 милиони евра годишно.