Познато зошто Ѓоковиќ може да ја тужи Владата на Австралија и да земе пет милиони евра отштета!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ има право да ја тужи Владата на Австралија поради лошиот третман и психолошки притисок, но и поради тоа што бил во заблуда откако му дадоа виза и му ветија настап на турнирот во Мелбурн.

Адвокатот Тома Фила кажа дека Ѓоковиќ за тортурата низ која минал може да добие меѓу четири и пет милиони евра, а англиските медиуми неодамна најавија дека Србинот ќе бара отштета од шест милиони.

„Австралискиот закон му дава за право на министерот за миграција да му ја одземе визата на некој тенисер сред турнир и да го врати дома“, вели Фила.

Меѓутоа, познатиот српски адвокат е убеден дека првиот рекет во светот може на Суд да ја добие Владата на Австралија, а со тоа и да добие огромна отштета, иако нема да ја намалат неговата болка затоа што не може да игра на својот омилен турнир.