Познато зошто пропадна трансферот на Зијеш: Челси ќе добие тужба од ПСЖ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хаким Зијеш се договори со ПСЖ за трансфер во францускиот клуб, но на крајот преселбата пропадна поради аматерска грешка на Челси.

Иако двете екипи се договорија за позајмица до крајот на сезоната, сепак клубовите не ги потпишаа документите навреме.

Виновници за тоа се луѓето од администрацијата на Челси кои трипати испраќале погрешни документи до ПСЖ.

Ниту еднаш не била испратена целосната документација затоа што очигледно администрацијата била фокусирана на Енцо Фернандез, па сега ПСЖ најави тужба.