Познато зошто Роналдо потпиша за Ал Наср


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо синоќа беше промовиран во екипата на Ал Наср од Саудиска Арабија, каде што ќе заработува 70 милиони евра по сезона плус бонуси со кои сумата ќе се зголеми речиси тројно.

Роналдо долго време беше без клуб, откако го прекина договорот со Манчестер јунајтед, па реши дека најдобро решение за него е да заигра во Саудиска Арабија.

„Среќен сум за новиот предизвик во друга лига. Визијата на Ал Наср е инспиративна приказна. Возбуден сум за почетокот и едвај чекам да заиграм на теренот“, кажа Роналдо.