Пред десет години, Левандовски беше на еден чекор од Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберт Левандовски прерасна во еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Полскиот напаѓач го сврте вниманието да игра во дресот на Лех од Познан, а летото 2010. година потпиша за Борусија Дортмунд, што беше фантастичен потег за него.

Левандовски блескаше во дресот на Дортмунд, а по четири сезони реши да го направи потег и да потпише за Баерн. Полјакот е секако еден од најдобрите напаѓачи во светот, а од сезона до сезона обезбедува фантастични игри во дресот на минхенскиот клуб.

Но, поранешниот директор Џенова, Стеано Капозука откри дека Левандовски пред една деценија бил на чекор за да продолжи кариера во дресот на овој италијански тим.

“Постигнат беше договор за Левандовски во 2010. година. Во тоа време, тренерот Јан Пјеро Гасперини добро го познаваше. Тој мораше да помине медицински прегледи и да потпише, а потоа претседателот неочекувано запре сè. Сега можеме да видиме колку беше добар”, рече Капозука.

Осум години подоцна, Џенова не сакаше да ја направи истата грешка кога го открија Кршитоф Пјонтек, кој беше доведен од Краковија за четири милиони, а само половина година подоцна, тие го продадоа во Милано за 30 милиони евра.