Пред една година дојде во Ливерпул, а сега се сели во Реал Мадрид!?


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Реал Мадрид планира да ангажира неколку засилувања во текот на летниот преоден рок, а една од желбите на Карло Анчелоти е фудбалерот на Ливерпул, Алексис Мекалистер.

Шпанските медиуми шпекулираат дека „кралевите“ се подготвени да го купат Мекалистер, кој минатото лето го засили Ливерпул, а за неговите услуги ќе мора да платат околу 70 милиони евра.

Мекалистер одигра 45 натпревари за „црвените“ оваа сезона и постигна шест голови и седум асистенции во сите натпреварувања.

Ливерпул го купи Аргентинецот за 42 милиони евра од Брајтон, а сега ќе заработи многу повеќе од трансферот.