Предавство на повидок: Зидан ќе го убеди Мбапе да не потпише за Реал Мадрид?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Зинедин Зидан во моментов е слободен и ужива со неговото семејство во Мадрид, откако ја напушти неговата работа во Реал Мадрид, но во моментов неколку екипи се заинтересирани за него и се обидуваат да го добијат неговиот потпис.

„Марка“ пишува дека Зидан добил повик да го замени Оле Гунар Солскјер, но тоа нема да се случи, па затоа „црвените ѓаволи“ се обидуваат да го договорат Маурицио Покетино од ПСЖ.

ПСЖ би можел да се раздели со Покетино, ако на негово место пристигне Зидан, а има голема шанса за такво нешто, иако Французинот сака да ја предводи француската репрезентација.

Сепак, доколку потпише за ПСЖ, тогаш тоа ќе биде проблем за „кралскиот клуб“, кој би можел да остане без Килијан Мбапе затоа што Зидан би можел да го убеди францускиот напаѓач да остане во екипата.

Зидан има одличен однос со Мбапе и сакаше со него да соработува во Мадрид, но Реал никако не можеше да го убеди ПСЖ да им го продаде одличниот фудбалер.