Предавство на повидок: Ѕвезда на Реал Мадрид се договорила со Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Следното лето би можело да се случи едно од најголемите предавства во последните години, а главен актер е Марко Асенсио кој имаше шанса да си замине од тимот, но сепак не се реши за такво нешто.

Шпанскиот репрезентативец наводно постигнал преддоговор со каталонскиот гигант, а информацијата ја објави францускиот медиум „Рац1“.

Асенсио има договор со Реал до јуни 2023 година, по што ќе потпише четиригодишна соработка со Барселона и најверојатно ќе стане еден од најомразените кај навивачите на Реал.

Шпанецот го засили тимот од Мадрид во 2014 година, по што се врати да игра една сезона во Мајорка, а играше на позајмица и во Еспањол, по што стана дел од првиот состав на „кралевите“.