Прекрасен потег на Ѓоковиќ кој го воодушеви Балканот (Видео)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ одмора од тенисот, а во моментов е во Србија каде што ги полни батериите пред почетокот на следните предизвици.

Ѓоковиќ завчера бил во Нови Сад и бил на концерт на Жељко Самарџиќ, по што прошетал низ улицата „српска Атина“, каде што направи потег кој го воодушеви Балканот.

Србинот му остави пари на еден уличен свирач, а видеото од неговиот потег се појави на социјалните мрежи и предизвика огромен број реакции.