Премиерлигата ги враќа навивачите пред крајот на сезоната!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раководството на Премиерлигата објави дека публиката ќе се врати на стадионите. Откако рестрикциите во Велика Британија се намалија, почна и враќањето на навивачите на трибини.

Премиерлигата реши да го врати навивачите на стадионите во 37 и 38 коло од сезоната, а на овој потег се решија за да може секој тим барем по еднаш да ги пречека навивачите до крајот на сезоната.

Натпреварите од 37 коло ќе се играат на 18 и 19 мај, додека последното коло ќе се игра на 23 мај, но стадионите нема да бидат полни туку на трибините ќе бидат присутни само одреден број на навивачи.

„Клубовите ја докажаа својата посветеност и имаат јасен план за да ги пречекаат фановите на стадионите. Навивачите на сите ни недостигаа во Премиерлигата“, соопштија од управата.