Премиерлигата ќе им одзема бодови на Евертон и Нотингем Форест!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евертон неодамна доби казна од Премиерлигата и му беа одземени 10 бодови поради кршење на финансискиот фер-плеј, но сега му се заканува нова санкција, а покрај „карамелите“ се очекува казна и за Нотингем Форест.

„Тајмс“ објави дека двете екипи се на мета поради кршење на финансискиот фер-плеј и тоа ќе значи одземање на бодови кое ќе се однесува на оваа сезона.

Клубовите не смеат да имаат загуба поголема од 105 милиони фунти во рок од три години. Евертон доби казна зашто имал загуба од 124,5 милиони фунти, додека Нотингем Форест имал загуба од неверојатни 230 милиони фунти.

Проблемот за овие тимови е што се борат за опстанок, па нов удар од Премиерлигата ќе значи и чекор поблиску до понизок ранг.