Пресуда во случајот „ФИФгејт“: Претседателот на ПСЖ дозна дали ќе оди зад решетки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на францускиот шампион ПСЖ, Насер Ал-Келаифи по жалбата денеска беше ослободен од Сојузниот Суд во Швајцарија во случајот со ТВ-правата.

Жером Валцке, исто така, е ослободен, но сепак доби 11-месечна затворска казна со суспензија поради „пасивна корупција“.

Швајцарскиот суд реши да го ослободи Ал-Келаифи во случајот „ФИФгејт“ и доделување на ТВ-правата, а расправата беше одржана уште во март.

„Нашиот клиент е ослободен по вторпат во овој случај. Тоа е многу важна победа, овој пат остварена преку највисокиот Федерален казнен суд“, кажа адвокатот на Ал-Келаифи.